Евангелие по Јован 14:6 МКВ

Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.

Животот е повеќе

Христијанско здружение кое се занимава со проучување на Божјите зборови напишани во Светото Писмо (Библијата).

Дали сте заинтересирани да дознаете што ни кажува Светото Писмо?
Доколку одговорот на прашањето е да, тогаш ви стоиме на располагање да ви помогнеме да го разберете она што го читате.

Предавања 2025

Предавања 2024

Предавања 2023

Што правиме

Го проучуваме Божјиот Збор кој е запишан во Светото Писмо (Библијата) низ дискусија и дружење. Исто така организираме различни активности за млади како: пикник, планинарење, младински часови, гледање на христијански филмови, кафе дружење, различни спортски активности и многу повеќе.

Библиски часови

Секој вторник во 19 часот организираме Библиски часови. За време на часовите се проучува Божјиот Збор напишан во Светото Писмо (Библијата).

Младински часови

Секој четврток од 19:30 часот организираме младински библиски часови за малди од 14 до 20 години. На овие часови разговараме како Светото Писмо може да ни помогне во секојдневното живеење како млади луѓе. 

Повеќе информации на 072 642 390.

Дружења

Два-три пати недело организираме дружења на кои разговараме на различни теми,  на кои можеме да споделиме нешто што се случува во нашите животи и да се охрабриме еден со друг.

Гледање на филмови

Секоја недела во 19 часот заедничко гледање на христијански филм и дружба. Влезот е бесплатен, она што треба да донесете е насмевка и добро расположение.
Повеќе информации
на телефон 075 923 185

Испрати порака