Живата клетка

„Секој кој ви кажува дека знаел како настана животот пред 3,45 милијарди години, е глупак или злобен. Никој не го знае тоа“.

Стуарт Кауфман, теоретски биолог, 1995.

По 28 години од оваа изјава ништо се нема сменето. Исто така и денес ниеден човек на овој свет не може да покаже или да докаже со научни методи како од мртва материја настанал животот и тоа случајно. Дури и водечките научници кои истражуваат во однос на таа тема немаат поконкретни резултати освен да тврдат дека се надевале или верувале дека наскоро ќе можат да дојдат до некоја теорија во однос на тоа. Надевање и верување не се научно докажување.

Во моменти на искреност дури и најпосветените навивачи за случаен настан на живата клетка признаваат дека не знаат како настанало тоа, а сепак цврсто веруваат во тоа, и покрај тоа што научно тоа не е докажано. Значи ако треба да се верува само во она што е докажано со признаените средства на науката, тогаш денес никој не смее да верува во случаен настан на животот. А внимавај – теорија за постанок не значи дека во реалноста тоа и се случило така. Важно е да се знае, дека напротив на таквите изјави на вера, постојат други научници кои укажуваат на огромните проблеми во однос на тој постулиран развој од мртва хемија во жива клетка.

Тие проблеми постојат како од страна на хемијата така и од страна на животот. Како можат да се формираат и доволно долго да се запазат за понатамошни реакции долгите молекули кои се градбените честички на живите клетки во реално постоечка нечиста природна хемиска мешавина која била присутна на нашата планета кога настанал животот – случајно. Не се знае. А уште поважно: Од каде дошла информацијата која е складирана со помош на тие молекули во живите клетки? Никој научно не може тоа да го докаже.

Научното истражување на живата клетка доведе до едно разбирање на животот кое се спротивставува на материјалистичкото верување. Биолошкиот живот се базира на информацијата која се наоѓа во нашите клетки. Таа информација е складирана со помош на еден хемиски код во нашата ДНК. Таа се пакува, распакува, се копира, се проверува и поправа, и врз база на неа се произведуваат конкретни производи протеини. Сѐто тоа го извршува еден многу сложен систем од мали специјализирани машини.

Во самиот ДНК се наоѓа и информацијата за самите машини. Машините не можат да постојат без информацијата, информацијата не може да се претвори во производи, нови клетки, нови машини итн., без веќе постоечките машини. Едно е создадено за другото и мора да постои истовремено во потполна функционалност. Ние можеме да истражуваме и да разбираме како функционира тој систем, но тоа не значи дека знаеме како настана тоа од мртва материја и случајности.

Според нашето искуство во реалноста, информација настанува во некој ум, а информацијата која е на база на биолошкиот живот доаѓа – според Јован – од умот Божји: Во почетокот Бог зборувал – сѐ настана преку „Зборот“. Тоа се совпаѓа најдобро со она што е навистина утврдено со научното работење и со наше сопствено искуство.

Што велиш!?

Тоа било во противречност со тоа што насекаде околу нас се тврди? Во право си. Јас веќе 40 години го следам конфликтот помеѓу верување во случајност и верување во Бог како Создател, и честопати утврдив дека она што во јавноста се презентира како докажани факти, не е реалната ситуација на фронтот на научното работење. Често се истакнуваат извесни научници и нивните тврдења како поп ѕвезди во јавноста, додека сериозни научници работат тивко во позадината, и доаѓаат до други заклучоци, а никој не дознава за тоа бидејќи нивните резултати не одговараат на веќе општоприфатената вера во еволуцијата.

Научниот „естаблишмент“ стана многу нетолерантен кон научни резултати кои не одговараат на она што треба да се верува. Така според мене во еден свет како нашиот денешен, кој е толку полн со еднострано информирање, манипулација и лага на сите нивоа, изјавата „ Сѐ стана преку Него и без Него не настана ништо што настана.“ заслужува сериозно да се размисли за неа веќе по самиот факт што таа не се согласува со општоприфатеното мислење, туку протестира против него.