Јајцето или кокошката?

Често кога нешто ни е нејасно или нашите разговори се вртат во круг ја изговараме фразата “Јајцето или кокошката?”. Има многу филозофии, мудрувања околу настанокот на светот и има многу одговори на прашањето “Јајцето или кокошката?”, но што е вистината.

Ќе си поставиме неколку логички прашања:

  • Дали кокошката неси јајца без петел?

Да, таа неси јајца без петел но тие не се оплодени и тие неможе да се испилат.

  • Значи за да постои плодно јајце, треба да има и кокошка и петел?

Да, точно. Науката неможе да го побие овој факт.

Ајде сега да размислиме малку логички, дали може јајцето само да настане и да биде плодно без да има кокошка и петел. Одговорот е “Не”, неможе само да настане.

Сега ќе се занимаваме со Билбиските вистини и одговорот на ова суштинско прашање “Јајцето или кокошката?”. Во првата книга Битие од Светото Писмо (Библијата) ни е опишано создавањето на светот и на сите живи суштества. Бог го создаде светот и сѐ што е во светот.

21 Бог создаде морски чудовишта и секакви живи суштества, што ползат и се движат по водите и крилати птици од секаков вид. И Бог виде дека е добро.22 И ги благослови Бог – велејќи: „Плодете се и множете се и наполнете ги морските води! И птиците нека се размножат по земјата!”

Битие 1: 21-22 МКВ

19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.
20 Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето. Но за човекот не се најде помош соодветна на него.

Битие 2: 19-20 МКВ

Од стиховите наведени погоре во текстот во Светото Писмо читаме дека Бог создаде секакви живи суштества, вклучително и петелот и кокошката и им даде задача да се плодат и множат. Покрај животните и останатите работи, Бог ги создаде луѓето во Неговиот лик, да луѓе како тебе и мене. Прочитај го стихот во продолжение.

26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот – над сета земја – и над сите лазачи што ползат по земјата!”
27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.

Битие 1:26-27 МКВ

Се надевам дека ти ја доловив Библиската перспектива и вистина во однос на прашањето “Јајцето или кокошката?”.