Како настана материјата?

… Сѐ стана преку Него и без Него не настана ништо што настана.“

Евангелие според Јован 1,3

Сѐ што настана, настана преку „Зборот“ – без исклучок. Свесен сум дека постојат тврдења кои го негираат тоа. Во секој учебник за биологија и на секој факултет се учи дека светот и животот се производ на безлични сили и случајности. „Во почетокот не беше ништо, и од ништо настана сѐ преку случајни настани“. Вака отприлика гласи вероисповедта на материјализмот. Од ништо настана сѐ и тоа случајно!?

„Не си фер“ мислиш – „никој не верува дека во почетокот немало ништо. Во почетокот беше материјата или некоја праформа од неа.“ Во ред, од каде дојде тогаш материјата? Исто така и нејзиниот постанок не може да се докаже со случајности. Научното истражување на материјата доведе до заклучокот дека таа не можеше да настане случајно. Бидејќи четирите основни сили кои дејствуваат во атомите и во светот, и од кои зависи постоењето на самата материја: слабата и силната атомска сила, електромагнетската сила и гравитацијата, мораат да бидат ускладени помеѓу себе со таква точност, што нема теоретска шанса тоа да настане случајно.

Ако веќе научното разбирање за мртвата материја пружи толкав отпор против верување во случајното настанување на светот, колку повеќе живата клетка го прави тоа.

За подетална дискусија на овие прашања сакам да те насочам кон книгата „Божјите отпечатоци – 15 научни докази за постоењето на Бог од перспектива на поранешен атеист“ од  Златко Бучкоски; ISBN 978-9989-669-77-4.

Книгата можете да ја подигнете во просториите на нашето здружение.