Од каде доаѓа светот – од каде доаѓаш ти? Што беше на почетокот? Имаше ли почеток? Како настана она што е? Кој е одговорен, кој или што е причината за сѐ што гледаме на овој свет?
Ако би можеле да најдеме одговор на овие прашања, би можеле да знаеме дали нашиот живот може да има смисла или не.
Јован дава јасен одговор. Тој зборува за една одредена личност. Тој ја нарекува таа личност „Зборот“. Но тој не ни го кажува името на таа личност, туку опишува која улога игра таа за нашиот свет и за нас.
„Во почетокот беше Зборот и Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Тој во почетокот беше со Бог. Сѐ стана преку Него и ништо, што стана, не стана без Него.“
Еванг. според Јован 1,1-3
Што беше на почетокот?
Зборот.
Кој е одговорен за сѐ што настана?
Зборот.
Внимавај, овој текст дели она што е во две групи: Она што беше во почетокот, и она што настана.
Во која група спаѓа „Зборот“?
Тој беше во почетокот, тој беше со Бог и тој беше Бог.
Зборот е Создателот, преку Него стана сѐ што настана. Не е случајноста одговорна за твоето постоење, туку Зборот. Изразот „Зборот“ укажува на нешто возбудливо. Укажува на тоа што таа личност, Создателот на светот и на самиот тебе, сѐуште има нешто да ти каже.